Археоастрономија

Во рамките на проектот Археоастрономија се работи на истражување на мегалитската опсерваторија Кокино, но и на откривање на други археолошки локалитети кои располагаат со астрономски содржини. Во таа насока, во соработка со Планетариумаот при Младинскиот културен центар од Скопје, МИД формира екипи за логистичка подршка на истажувањата и популаризацијата на старата опсерваторија Кокино. Овие ангажирања беа крунисани со објавувањето на Кокино на листата на стари сончеви опсераватории од НАСА на престижното четврто место.

Како резултат на овие активности во 2005 година, МИД, во соработка со ДИ “Тумба”- Куманово и ИПК- Куманово и Министерството за култура, го издаде првиот каталог за Кокино, како и флаери и разгледници од овој локалитет.  Кон крајот на 2005 годината, во соработка со Министерството за култура и неделникот Теа модерна, излегоа од печат два ѕидни календари и помошен канцелариски материјал илустрирани со мотиви од оваа древна опсерваторија.

Во соработка со Министерството за култура на РМ исто така се издадоа на поштенски картички со фотографии од Кокино. Во соработка со Бирото за филателија  при Македонски Пошти се издадоа првите поштенски марки со мотиви од Кокино. Едната поштенска марка го представува моментот на изгрејсонце во ритуалниот маркер набљудуван од главната ритуална позиција на камените тронови, додека на втората е прикажан калап за лиење на бронзен амулет пронајден на локалитетот Кокино.

Со Здружението на туристички водичи на РМ и Здружението на туристички водичи од Охрид беа спроведени обука на туристички водичи за презентирање на мегалитската опсерваторија Кокино. Во двете сесии присуствуваа 35 посетители лиценцирани туристички водичи.

Во договор со Представништвото на Тојота во РМ се спроведоа теренски снимања за изработка на промотивен фото материал со мотиви од Кокино.

Во 2006 година Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РМ додели грант за изработка на WEB срана за мегалитската опсерваторија Кокино. Во текот на 2007 година МИД во договор со Планетариумот при МКЦ во Скопје пружи логистичка подршка при геодетските мерења потребни за изработката на тродимензионалната мапа на локалитетот Кокино. Истата година МИД во соработка со Воздухопловниот винг на Армијата на Република Македонија во два наврати изврши воздушни снимања на Кокино. Во 2008 и 2009 година со Планетариумот при МКЦ во Скопје се спроведоа истражувања и археоастрономска анализа на повеќе локации во североисточна Македонија

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s

%d bloggers like this: