За нас

Името на организацијата е: МИД – Македонско истражувачко друштво

Англиски превод: MRS – Masedonian research society

Скратено име на организацијата е: МИД

Англиски превод: MRS

Адреса: МИД – Македонско истражувачко друштво Младински културен центар Кеј Димитар Влахов бб 1000 Скопје Македонија

e-mail: contact@mid.org.mk

Амблем:

Организација:

Претседателство:

Даниел Анастасов, Ѓоре Ценев, Ванчо Стојкоски (претседател)

Собрание на Друштвото: Благоја Петрушев, Ѓоре Ценев, Даниел Анастасов, Диме Маџовски, Маријан Николовски, Шенера Асан, Ванчо Стојкоски

 

 

 

 

 

Член1

МИД – Македонското истражувачко друштво е здружение на граѓани кое ги обединува сите заинтересирани граѓани на Република Македонија кои имаат интерес за примена и афирмација на принципите за оддржлив општествен развој, како и заштитата на природната средина и  на културното наследство, преку спроведување на истражувања во областа на природните, техничките и општествените науки, а со цел да се воочат, евидентираат, анализираат и разрешат проблемите на граѓаните и на пошироката заедница во процесите на изградба на едно модерно цивилно општество.

Член 2

МИД – Македонското истражувачко друштво (во натамошниот текст МИД) е неполитичко, невладино и непрофитно здружение на граѓани. МИД има својство на правно лице.

Член 3

МИД делува на територијата на Република Македонија како матично друштво.

Член 4

МИД го сочинуваат членови поединци и колективни членови кои слободно и доброволно се зачлениле во Друштвото и ги прифатиле неговите програмски цели и Статутот на МИД.

ДЕЈНОСТ И ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ

Член 5

Основната дејност на МИД е насочена кон градењето на современо цивилно општество врз принципите на т.н. одржлив општествен развој а, преку спроведувањето на истражувања од сите сфери на  науката , а особено во проучувањето и разрешувањето на интердисциплинарните и мултидисциплинарни проблеми Основната дејност на МИД се остварува преку програмски активности усвоени од Собранието на МИД.

Член 6

Основни програмски цели на МИД се:

– воведување и афирмација  на принципите за оддржлив општествен развој на македонското цивилно општество, а кои имаат за цел воспоставување на складни соодноси меѓу потребите за развој на микро и макро заедниците и правото на здрава животна средина на граѓаните и заштита на културното наследство,

– воочување, евидентирање, анализирање и разрешување на специфичните проблеми и потреби на граѓаните и општеството, а врз основа на научните принципи и достигања,

– заштита на природната средина,

– заштита на културното наследство,

– заштита на индивидуалните и колективни човекови права,

– организирање на научни и стручни истражувања, собири, предавања и семинари;

– воспоставување на контакти и продлабочување на соработката со поединци, друштва и асоцијации со иста или слична дејност од градот, државата и странство;

– презентација на научни и стручни сознанија и трудови преку посебни изданија или посебна популарна литература;

– организирање на популарни предавања, трибини, курсеви и натпревари.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: