Етноастрономија

Етноастрономија e проект во чии рамки се истражуваат народните верувања поврзани со настанокот на светот, небесните тела и небото воопшто, како и нивно презентирање во јавноста. Етноастрономијата е млада научна дисциплина на која многу малку се работи насекаде во светот.

Работите се променија на подобро откако Обединетите Нации во 2004 година го прогласија небото како светско наследство. Во тие рамки, а подразбирајќи ги верувањата поврзани со небото како наше културно наследство кое трба да се спаси од заборав, членовите на нашето Друштво во минатото преку разни форми на организирање, а сега организирани во МИД-Македонско истражувачко друштво, во континуитет работат на собирање на овие информации и нивна презентација пред стручната и широката јавност  кај нас  и во светот.

Започнувајќи од 1982 година на територијата на Република Македонија се спроведува систематско собирање на народните претстави за небото и за небесните тела, Земјата, времето и за климатските промени. Со еден збор, се изведуваат етноастрономски и етнометеоролошки истражувања кај македонскиот народ. На оваа тема, во 2004 година е издадена, засега, единствената книга од оваа област „Небото над Македонија“ од авторот Ѓоре Ценев. Ако се тргне од фактот дека космогониските митови и обреди кај македонскиот народ за првпат се забележани во писмена форма и дека досега тие биле пренесувани од колено на колено по усмен пат, тогаш зачудува како тие опстанале толку долго.Митовите за создавањето на светот, за Земјата како Божица Мајка, Богот Сонце и сончевата планина, Месечината која слегува на Земјата и се претвора во крава, претставата на месеците како божества, оригиналната поделба на небото во соѕвездија итн., немаат ништо заедничко со постоечката христијанска религија на населението. Овие митови имаат многу подлабоки корени кои досегнуваат до предисторијата. Самиот факт што тие опстанале кај народот и покрај разните освојувачи, на пример старите Римјани и Турци кои со стотици години владееле на овие простори, или покрај влијанието на разните религии како што се римската, исламската и христијанската, зборува за виталноста и за длабоката вреженост во колективната свест на народот.

Изворните информации во оваа книга, како и во сите останати извори, можат да послужат за натамошна антрополошка анализа, како на македонскиот народ така и за изработка на компаративни анализи со другите народи во светот.

Македонските соѕвездија на Stellarium

МИД – Македонското истражувачко друштво со подршка на Министерството за култура при Владата на РМ изработи надоградба за слободниот софтвер Stellarium. Од сега ќе можете да се запознаете со македонските соѕвездија и нивната позиција на небото со помош на овој програм. Надоградбата е испратена до авторите на софтверот за да го надоградат во нивното наредно издание, а до тогаш Вие самите ќе можете да го инсталирате и многу едноставно да ја надоградите својата инсталација.

  1. Одете на веб страната stellarium.org и превземете ја најновата верзија на Stellarium за Вашиот оперативен систем.
  2. Инсталирајте го Stellarium на Вашиот компјутер. Софтверот е слободен и бесплатен за користење.
  3. Превземете го ОВДЕ пакетот со македонските соѕвездија и отпакувајте го.
  4. Папката “macedonian” од овој пакет копирајте ја и вметнете ја во програмата Stellarium, во папката SkyCultures.  Оваа папка можете да ја најдете:
  • За Windows : Одете во Program Files >> Stellarium >> SkyCultures
  • За Linux : usr>>share>>stellarium>>skycultures

Треба да имате административни права за  да го направите овој чекор. Потоа само стартувајте го програмот и во Sky and View options изберете Starlore. Таму ќе ви се понуди опцијата да ги изберете македонските соѕвездија. Долу десно треба да ви бидат активирани полињата Constellation Lines, Labeles и Art.

Доколку сте нестрпливи, еве како тоа изгледа 🙂

ScreenshotScreenshot-1Screenshot-3Screenshot-4Screenshot-5Screenshot-22

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: