Вселена
Списанието „Вселена“ е единствено списание за популаризација на астрономијата кое излегува на македонски јазик. Основната цел е да се пополни празнината која постои во нашиот образовен систем со неизучувањето на оваа природна наука во основното и средното образование. Како последица е широко присутна неупатеноста и неразбирањето на современите достигнувања на полето на астрономските истражувања, кои на светско ниво се сметаат за движечка сила на целокупниот цивилизациски развој. За да до некаде го ублажиме овој интелектуален јаз кои не дели од развиениот свет, МИД до сега издаде 20 броја на списанието “Вселена”, каде што во редовни рубрики на популарен начин се објаснуваат како основните поими, така и најновите сознанија од оваа интересна природна наука
Напишете коментар
Comments 0