Дома

Македонско истражувачко друштвоМакедонското истражувачко друштво е невладина и непрофитна организација која ги обединува граѓаните кои имаат интерес за примена и афирмација на принципите за оддржлив општествен развој, како и заштитата на природната средина и културното наследство.

Поставените цели Друштвото ги остварува преку спроведување на истражувања во областа на природните, техничките и општествените науки, а со цел да се воочат, евидентираат, анализираат и разрешат проблемите на граѓаните и на пошироката заедница во процесите на изградба на едно модерно цивилно општество.

Основната дејност на МИД е насочена кон градењето на современо цивилно општество преку спроведубањето на истражувања од сите сфери на науката, а особено во проучувањето и разрешувањето на интердисциплинарните и мултидисциплинарните проблеми.

МИД – Македонското истражувачко друштво е регистрирано според Законот за здруженија на граѓани и фондации на Република Македонија. Основачкото собрание е одржано во 2003 година. Според статутот, МИД своите активности ги спроведува преку проекти за чие исполнување се одговорни Раководителите на проектите. Во рамките на проектот, раководителот по потреба формира тим од од активисти, кои може но и не мора да бидат членови на МИД.

Во досегашниот период е работено на повеќе проекти, како што се проектите Археоастрономија, Етноастрономија, УВ зрачење и други.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s